насловна   мапа на сајтот   english  
 
 
 

 


 ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

 САЕМИ

Mеѓународен саем за производство, трговија и услуги

Организатор: Еуро Бизнис Центар ДOO Скопје
Место на одржување:Спортска Сала " Парк ", Струмица

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, а во организација на Еуро Бизнис Центар ДOO Скопје,  се организира меѓународен саем за производство, трговија и услуги, насловен
СТРУМИЦА ЕКСПО 2006
.

СТРУМИЦА ЕКСПО е саем за поддршка на развојот на комуникацијата и соработката во овој регион меѓу сите деловни субјекти, кое е нагласено со истовременото присуство на домашни и странски фирми. Целта на манифестацијата е да претставува единствена можност производителите, трговците и другите деловни луѓе да извршат сопствена комерцијална презентација и да остварат деловни контакти со другите економски субјекти не само од земјата, туку и од поширокиот регион.

Изложбената програма на овој саем е следната:
• Производи од машинска, електро и градежна индустрија
• Дрвна индустрија и мебел
• Апарати за домаќинство
• Производи од пластика и разни видови амбалажа
• Прехранбена индустрија
• Текстилна индустрија
• Хемиска и козметичка индустрија
• Печатарска и издавачка дејност
• Финансиски услуги

За повеќе информации контактирајте со Еуро Бизнис Центар ДOO Скопје на:
тел: +389 2 310 33 80
факс: +389 2 310 33 90
e-mail: info@eurobc.com.mk


© 2005 - 2009 Општина Струмица