насловна   мапа на сајтот   english  
 
 
 

 


 ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

 ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија. Вкупно земјоделски површини  во Општина Струмица има 8130 ха и тоа по категории на земјиште

- Ораници 7156 ха
- Овоштарници 120 ха
- Лозја 137 ха
- Ливади 272 ха
- Пасишта 353 ха
- Трстеници 93 ха

Производството во Струмичкиот регион се реализира на следните површини по култури и тоа:

Култура

Површина во ха

Просечен принос
по ха

Домати во заштитен простор (пролетна реколта)

1.100ха

80-90 тони ха

Домати во заштитен простор (есенска реколта)

300-400ха

80-90 тони ха

Благ пипер во заштитен простор

1.000-1.200 ха

40-50 тони ха

Лут пипер во заштитен простор

50 ха

25-30 тони ха

Blag piper na otvoreno

150 ha

45-50 тони ха

Феферони

150 ха

10-15 тони ха

Црвена капија

1.000-1.200

20-25 тони ха

Долги краставици во заштитен простор

200 ха

80-90 тони ха

Кратки краставици во заштитен простор

350-360 ха

50-65 тони ха

Зелка во заштитен простор

40-50 ха

40-50 тони ха

Зелка на отворено

200 ха

40-50 тони ха

Зелка (есенска реколта)

100 ха

40-50 тони ха

Бостан

1.500-1.800 ха

30-40 тони ха

Компир во заштитен простор

350-400 ха

15-20 тони ха

Компир на отворено

250 ха

20-30 тони ха


Исто така Струмичкиот регион покрај најголем производител е воедно и најголем извозник на земјоделски производи . Тоа го потврдува и следната табела која го покажува извозот на земјоделски производи од царинскиот терминал од Струмица ( во период од 01.01.2005 до 30.08.2005 ) во која се внесени само дел од најважните производи, додека реалната извозна количина е поголема:

Производ

Пратки (број на камиони)

Количина во КГ

Домат

1.345 .

14.580.061

Краставица

1.381 .

10.049.471

Лубеница

1.109 .

23.580.638

Пипер

1.554

2.665.680

Зелка

1.089 .

10.744.278

Компир

505

1.449.310

Кромид

261

707.894

Вкупно

7.244

63.777.332


Во Oпштина Струмица постојат 2 земјоделски пазари за продажба на земјоделски производи на мало и 1 пазар за продажба на земјоделски производи на големо во чиј склоп е и добиточниот пазар.
Во Струмичкиот регион за успешно реализирање на земјоделското производство се грижат:
  • • Ј.Н.У. " Институт за јужни земјоделски култури
  • • Дисперзирани студии на Факултетот за земјоделство и храна   (отсек градинарство и цвеќарство).
  • • Агенција за поттикнување и развој на земјоделството (Регионален центар Струмица) и
    • Министерство за земјоделство, Шумарство и водостопанство Подрачна единица - Струмица
  • • Повеке приватни консулатнти и советници кои придонесуваат за едуцирање на земјоделските производители, примената на новите технологии, нови хибридни висококвалитетни сорти итн.
Индивидуалните земјоделски производители во Струмичкиот регион се организирани во повеке здруженија и еден регионален сојуз кој ги опфака здруженијата од регионот.
 

© 2005 - 2008 Општина Струмица