НУЦК АНТОН ПАНОВ
Главен репрезент на културата во Општина Струмица е Националната установа Центар за култура Антон Панов - Струмица
Адреса : плоштад Гоце Делчев бб - Срумица
Тел :034 322-182 / 326 769
Историјат: Почнувајќи од 06 Април,2004, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Р Македонија, трите претходно самостојни организации : Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрираа во една заедничка органузација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов - Струмица.

Објектот на Центарот за култура Антон Панов - Струмица, е една инпозантна градба од 5560 м2 изграден од самопридонес на граѓаните, пуштен во употреба од 01.05.1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето.
Народниот театар Антон Панов,основан 1949 година и Уметничката галерија Струмица, основана 1964 година, исто така тука најдоа свој простор за обавување на своите активности, со што овој објект прерасна во храм на музиката, уметноста и целокупното културно живеење на граѓаните од овој град.
Просторни капацитети и кадровска екипираност на објектот
Голема сала: 600 седишта
Мала сала: 150 седишта
Мала сцена: 100 седишта
Фоаје: 70 седишта, 320 м
Изложбен простор: 207 м
Ателје скулпторско: 100 м
Библиотека интерна: 2000 книги
Организација и кадровска структура
Активностите се водат во три сектори
I. Драмско-сценска дејност
II. Музичко-концертна дејност
III. Изложбено-галериска дејност
Менаџментот на институцијата е во лицето на Генералниот директор, Уметнички директор и тројца сектор менаџери.
Вкупен број на вработени во институцијата е 38 луѓе.
Националната установа Центар за култура Антон Панов,Струмица, во рамките на своите програмски активности реализира годишна програма како производ на активностите на трите сектори кои работат и делуват во истиот. Имено, програмата на центарот е сублимат на активностите од : Драмско сценскиот, ликовнио-галерискиот и музичко концертниот сектор.
Културниот центар Антон Панов, Струмица го организира, консолидира и води целокупниот културен живот.
Центарот е средиштето на сите културни збиднувања во градот и околината (Претстави, изложби, концерти, промоции на книги, литературно музички средби, презентации,).Основната цел и активност на Центарот е да ги едуцира граѓаните , посебно младата популација, анимирајќи ја нивната културна креативност, зачувувањето и негувањето на традиционалното културно наследство и творештво и стварање на една културолошки чувствителна и образована публика.
Секоја година се изработува и доставува предлог годишни програмски содржини и проекти кои се разгледуваат од страна на Министерството за култура на РМ и се реализираат во зависност од финансиската подршка на Министерството, и висината на сопствените сретства и спонзорства. Концептуално секоја годишна програма нуди повеќе содржини, но онаа по кое Центарот за култура Антон Панов -Струмица е препознатлив се содржините и активностите што се водат пооделно во трите сектори:
I.Драмско сценскиот сектор
Народниот театар Антон Панов, основан е далечната 1949 година, и во годините на своето постоење поставил на сцена повеќе од 350 премиерни изведби од познати светски и домашни автори со плејада од познати акерски имиња и режисери.
Стратешки, тенденцијата е не само поставување на сцена актуелни и популарни дела со градење перманентна присутност и театарска култура во градот, туку и популаризирање на оваа дејност кај младата популација со генерирање нови вљубеници и идни кадри.
Во овој сектор се вработени вкупно 20 луѓе, од кои 9 актери,8 сценски работници, како и 3 административци предводени од раководител на сектор.
Годишно подготвува и реализира околу 5 премиери со околу 50-тина репризи, по дела од домашни и странски автори. Учествуваат на сите домашни театарски фестивали и манифестации, а имаат и соработка со повеќе странски театарски куќи.
II.Сектор за музичко концертна дејност
Организатор на сите музичко концертни програми и активности во Центарот, а кој за постојани активности ги има:
1.Хор Деница
Хорот ,,Деница,, е постојан субјект во делокругот на музичко сценската активност- сектор и на програмските активности во Центарот за култура - Струмица. Тој е дел од програмите кои се организираат не само во Центарот за култура туку и другите културни случувања во градот.
Редовно учествуваат на домашни и интернационални фестивали, од каде често се враќаат со освоени награди. Од гостувањата во странство, ги издвојуваме: учество на меѓународен хорски фестивал ,,Проф. Горги Димитров,, во Варна, Бугарија, (освоено четврто место), веќе редовно гостување и настап со своја програма на универзитетот ,,Аристотел” во Солун, Р Грција, учество на манифестација во градот Мелник, Р.Бугарија и други.
2.КУД Боро Џони
Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура Антон Панов Струмица, работи и со години успешно опстојува КУД "Боро Џони",кој со своите 34 фолклористи и 6 музичари се презентери на народното фолклорно богатство. Обучувајќи и внесувајќи ги во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии,и бројните ново запишани членови,тие напорно се и дел од повеќето програмски активности на Центарот за култура.
За време на своето постоење и работа остваруваат бројни настапи во земјата и во странство(Германија,Украина,Данска,Турција,Полска и т.н)
3.Старогратски ансамбл Распеани Струмичани
Старогратскиот ансамбл ,,Распеани Струмичани,, постои и работи во Центарот за култура со години. Опстојува во својата програма и настани, повеќе како резултат на ентузијзмот и залагањето на членовите и раководството на Центарот, со минимум расположиви финансиски сретства. Негува еден значаен сегмент од традиционалното музичко и културно живеење на нашиот народ, зачувувајќи ги низ годините звуците, обичаите ,обележјата и навиките на населението од овој крај. Повеќе пати гостуваат на манифестации во земјата и странство и имаат издадена аудио и видео касета со својот репертоар.
4.КУД Русалии
Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура, работи КУД Русалии, кои со своите членови (околу20), го презентираат народното фолклорно богатство.
Обучувајќи и внесувајќи ги новите членови во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии, учествуваат во реализацијата на програмските активности на Центарот за култура.
Друштвото КУД Русалии работи и опстојува од 1913 година.Корените на друштвото се од Кукушко. Имаат земено учество на Илинденските денови 24 пати досега. Имаат настапувано на Меѓународниот саем на фолклор во Загреб.
III.Изложбено-галериска дејност
Во склоп на овој сектор се обавуваат дејности во смисла на организација на изложби на познати домашни и странски уметници, а се врши едукација и популаризација на ликовната уметност. Позната е по организирање на Меѓународната Струмичка ликовна колонија, Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам, Детската ликовна работилница, Меѓународниот фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”.
|