Во срцето на Струмичкиот градски парк е поставен споменикот "Македонија".Споменикот е изграден во чест на нашиот сограѓанин, трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Автор на скулптурата "Македонија" е познатиот Руски скулптор од светски глас Григориј Потоцки. Истата беше изработена во рамките на "Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005". На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски “сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија...”

Споменикот е резултат на иницијативата на локалната самоуправа и е реализиран во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација.
Споменикот беше откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 Декември 2005 година по повод Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
|