ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ
Планинарско алпинистички орентационен клуб "Ентузијаст" е формиран во 1980 година, член при "Федерацијата на планински спортови на Македонија"
Членови: 80 од кои 20 активни.
ПАОК Ентузијаст, се состои од 4 асоцијации: 1. Рекреативен спорт - Планинарење 2. Лига систем на ориентација 3. Лига на " Climbing " качување во спортски Сали 4. Алпинизам
Учество: сите можни натпревари во нашата држава и надвор од неа.
Телефон за контакт: 070/781-685
Места каде се оддржуваат натпревари и собири за спортско качување: Струмица, Штип, Неготино, Скопје, Битола, Матка, Демир Капија.
Места каде се одржуваат натпревари во спортска ориентација: Езеро Водоча, Свети Илија, Суви Лаки во Струмица, Мермерно езеро и Беловодица во Прилеп, Пљачковица во Радовиш, Водно во Скопје и други.
Ентузијаст е горд на своите најистакнати членови Серафим Серафимовски и Билјана Серафимовска.
За поголема афирмација на Спортското качување клубот "Ентузијаст" изгради вештачка карпа во ДСТТУ"Никола Карев" во Струмица.
Серафим Серафимовски
Роден: 15.02.1956 година во с.Осој-Дебарско. Во 1976 година се преселува во Струмица, а со планинарство се занимава од 1971 година како член на планинарското друштво "Јосип Броз Тито" кое беше првото планинарско друштво во Струмица
Успеси: Ги има искачено сите врвови на Македонија и поранешна Југославија, Бугарија и Грција.
1981 го искачува Највисокиот врв во Европа "Мон Блан" кој го има искачено вкупно 10 пати. Ги има искачено повисоките врвови низ цела Европа: Матерхорн (Швајцарија), Глос Глохнер (Австрија), Монте Роса (Италија), за во 1989 година заедно со првата Македонска Хималајска експедиција го освојува највисокиот врв на светот "Монт Еверест" со висина од 9848 метри
Серафим Серафимоски е жива легенда на Македонскиот алпинизам.
Билјана Серафимовска
Родена: 16.05.1991 година во Струмица
Член на "Ентузијаст" од 1996 година
Ги има освоено сите врвови во нашата земја (Тумба на Беласица, Димев Врв, Кораб, Огражден, Титов Врв, Меденица Солунска глава и многу други. Серафимовска е најдобра планинарка во Македонија во Спортска Ориентација и во Лига-Спортско Качување а за тоа сведочат бројните награди што ги има освоено.
Успеси:
1997-1 место "Костурино"-(спортска ориентација)
1998-2 место "Пљачковица"-(спортска ориентација)
1999-1 место "Вртешка"-(спортска ориентација)
2000-2 место "Свети Илија"- (спортска ориентација)
2000-2 место "Пљачковица"-(спортска ориентација)
2000-Диплома доделена од Сојузот на Македонија- (спортска ориентација)
2001-1 место "Суви Лаки"- (Балканско првенство)
2001-1 место "Мермерно езеро"- (спортска ориентација)
2002-1 место "Беловодица"- (спортска ориентација)
2002-2 место "Суви Лаки"- (спортска ориентација)
2003-2 место "Водно"-(спортска ориентација)
2003-1место "Водно"-(спортска ориентација)
2003-3 место "Пљачковица"-(спортска ориентација)
2003-2 место "Мермерно езеро"-(спортска ориентација)
2003-1 место "Беловодица"-(спортска ориентација)
2003-2 место "Езеро Водоча"-(спортска ориентација)
2004-2 место "Езеро Водоча"-(спортска ориентација)
2004-1 место "Езеро Водоча"-(спортска ориентација)
2004-1 место "Водно"-(спортска ориентација)
2004-1 место "Беловодица"-(спортска ориентација)
2004-2 место "Водно"-(спортска ориентација)
2004-1 место "Мермерно езеро"-(спортска ориентација)
2004-1 место "Пљачковица"-(спорска ориентација)
2004-2 место "Струмица"-(спортска качување)
2004-1 место "Штип"-(спортска качување)
2004-2 место "Неготино"-(спортско качување)
2004-3 место "Признание од сојузот на Македонија" (спортско качување)
2004-3 место "Најдобар млад спортист на Општина Струмица"
2004-1 место и признание за "Најнадежен млад спортист во Македонија за 2004 година"
2005-1 место "Водоча"-(спортска ориентација)
2005-1 место "Беловодица"-(спортска ориентација)
2005-2 место "Водно"-(спортска ориентација)