Застапеноста на спортските објекти во Струмица е релативно добра и соодветно развиена, за што потврдуваат успешно организираните и реализираните спортски манифестации од светски и Европски ранг на натпреварувања во Струмица.
СПОРТСКА САЛА „ПАРК“
Изградена во 1981 година, со капацитет од 1500 гледачи. Со неа управува и стопанисува кк. Струмица 2005, во времетраење од 25 години.
Екипи кои настапуваат во спортската сала "ПАРК": кк. Струмица 2005, пинг-понгарски клуб Струмица (сала за пинг - понг).
ГРАДСКИ СТАДИОН „МЛАДОСТ“
Изграден во 1950 година со капацитет од 6000 гледачи, повеке пати реновиран, сега веке со 2 модерно опремени трибини, со столчиња и 1 покриена трибина, со простории (околу 30), кои ги задоволуваат сите критериуми на ФИФА и УЕФА, за одигрување на меѓународни натпревари. На стадионот освен централното игралиште има уште 4 помошни игралишта. Со него стопанисува фк. Беласица на 15 години.
СПОРТСКА САЛА „ПАРТИЗАН“
Завршена во 1975 година, со капацитет од 300 гледачи. Со неа стопанисува КГС"Партизан"-од Струмица.
Околу 380 евидентирани членови земаат активно учество во сите секции на клубот, во општо физичко воспитување, спортска гимнастика и спортска рекреација.
Екипи кои настапуваат во спортска сала Партизан: ок. Струмица, ок. Македонија (м), ок. Македонија (ж), ок. Струма, кик-бокс клуб "Струмица, кк. Милениум, бк. Извор, кгс. Партизан.
БАЗЕН „АРМ“
Располага со филтри за прочистување и грејачи за водата, како и останатите 2 тениски терена управува и стопанисува пливачкиот клуб "Делфина" од Струмица на 10 години.
КОМПЛЕКС „АКВАРИУС“
Располага со базен со волумен од 600 м 3 , голем и мал базен, осветлен со 7 филтри за бранови и хидромасажа, 4 тениски игралишта со стандардни димензии (36 x 17) и едно игралиште за мал фудбал со вештачка трева (теписон).
КАРТИНГ
Постои од 2001 година. Располага со 5 возила, а патеката е во должина од 300 метри. Работи од март до ноември, а во летната сезона и вечерно време. Овде се даваат часови по правилно возење и се организираат трки. Картингот е во склоп на пк"Делфина".
ИГРАЛИШТЕ „ОЛИМПИК“
Претежно наменет за деца до 10 години, со игралиште за Волеј-бич, баскет и мал фудбал. Игралиштето е во склоп на КГС "Партизан".