Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Започнаа градежните работи за санација на поројот на улицата „Првомајска“

По целосното завршување на неопходните подготовки, денеска, започнаа градежните работи за санација на поројот, односно, потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“ кој пред дваесетина дена беше оштетен од обилните дождови. На терен со своите соработници беше и градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека тој и Општината ќе бидат целосно во служба на граѓаните и не само овој, туку и сите нивни проблеми ќе се решаваат во најкраток можен рок.

 

Веднаш по оштетувањето на поројот излеговме со моите соработници на терен и ветивме дека ќе го санираме во најкраток можен рок, еве, тоа денес и го правиме. Извесната нестрпливост на граѓаните кои што очекуваа брзо решавање на проблемот, јас потполно ја разбирам, меѓутоа, факт е дека за вакви градежни зафати неопходни се одредени минимални подготовки и тоа го сторивме во најкраток можен рок. Распишавме јавна набавка по итна постапка, се избра најповолниот изведувач и еве денеска се операционализира таа наша идеја и како што ветивме, ќе бидеме целосно во служба на граѓаните и нивните проблеми ќе ги решаваме во најкраток можен рок, рече градоначалникот Јаневски. Градежните работи на поројот ги изведува „Џови компани“ ДООЕЛ од Мокриво.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544