Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Денот на наставата на турски јазик

Јазикот, заедно со културата и традицијата, е белег на себеспознавањето на етничките заедници и дел од идентитетот на народите. Правото да се учи и изучува сопствениот јазик е едно од најсуштествените права на секој човек, без разлика каде живее. На Турците кои живеат во општина Струмица, тоа право, заедно со правото да ги негуваат своите културни и традиционални вредности, им е целосно овозможено. Покрај застапеноста на турскиот јазик во образовниот процес на турските учениците од нашата општина, истиот се унапредува и збогатува со бројни проекти кои се редовно поддржувани од страна на Општина Струмица. Поддршката и заложбите на тој план, ќе продолжат и во иднина. Од мое лично име и од името на Општина Струмица, на сите наставници и ученици кои изведуваат и посетуваат настава на турски јазик, им го честитам 21. Декември – Денот на наставата на турски јазик.Kjanecski

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544