Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Заедничка активност на учениците од општинските основни училишта „Герас Цунев“ од Просениково и „Маршал Тито“ од Муртино

„Ние, учениците во мешан етнички состав од двете општински основни училишта „Герас Цунев“ од село Просениково и „Маршал Тито“ од село Муртино, со поддршка од нашите наставници се здруживме водени од една иста цел: прифаќање на различноста и рушење на наметнатите предрасуди кои ја ограничуваат перцепцијата и создаваат стереотипи“, беше најавата на водителите на заедничката активност насловена како „Јас имам талент“.

 Преку убавината на играта и песната, учениците од двете училишта потврдија дека умеат, знаат и можат заедно да се дружат и творат и да ја пренесат нивната порака: „На ист начин сите сме различни, на различен начин сите сме исти“!Оваа активност е дел од финансиската поддршка што општина Струмица ја обезбедува за меѓуетничка интеграција во образованието на сите основни и средни општински училишта од Струмица. Со заедничко оро учениците ја искажаа нивната благодарност до присутните гости и до Градоначалникот на општина Струмица за финансиската поддршка за реализацијата на овој настан.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544