Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Учениците од мешан етнички состав во ООУ „Никола Вапцаров“ реализираа интеркултурна комуникација

Ученичката секција „Музички фолклор“ во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, формирана во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, реализираше планирана активност за меѓусебно запознавање и интеркултурна комуникација на учениците од мешан етнички состав.

 Преку разработена алатка-интервју со демократско учество на учениците, беа осмислени повеќе прашања од секојдневниот живот во училиштето, традицијата, желбите и интересите од областа на филмот, спортот, музиката, културата, исхраната и други прашања. Учениците во парови на македонски и турски јазик меѓусебно поставуваа прашања и одговараа, изработуваа кратко портфолио за другарчето и ги согледуваа сличностите и разликите во областите за кои се интересираа. Според акциониот план на секцијата, целта беше остварена, меѓусебно дружење, социјализација и чувство на припадност на проектниот тим, во корелација со повеќе наставници од различни наставни предмети.  Во овој проект, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на РМ, со поддршка од градоначалникот и Советот, општина Струмица повеќе години наназад е успешен партнер, со исполнување на стратешките приоритети за унапредување на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација во локалната заедница.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544