Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Се одржаа завршни настани од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ во училиштата „Маршал Тито“ „Сандо Масев“ и „Даме Груев“

Учениците од трето одделение во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, преку едукативен новогодишен квиз и забавно-рекреативна програма, реализираа заедничка активност, како завршен настан за крајот на првото полугодие. Оваа активност во корелација од повеќе наставни предмети и во координација на повеќе наставници е реализирана како дел од активностите од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци. Преку компјутерска апликација, учениците одговараа на повеќе прашања, поставени тројазично, на македонски, турски и англиски јазик.

Победници беа сите, со меѓусебно дружење и игра и песна, учениците на присутните родители и гости им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници. Со финансиска поддршка на општина Струмица, заедничка активност од овој проект реализираа и учениците од ООУ „Сандо Масев“ и ООУ „Маршал Тито“ од Струмица насловена „Меѓуетничко другарство“ во која учениците се запознаа со нови другарчиња од друга националност и го продлабочуваа другарството преку игра, изработка на одделенска заедничка книга, изработки на работни листови поврзани со темата и фотографии од заедничките посети. Во рамките на Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ завршен настан за првото полугодие беше реализиран и во основното општинско училиште „Даме Груев“ од Куклиш.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544