Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување педесет и четвртата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден  23.06.2017 година (петок).


Педесет и четвртата  седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.


За работа на седницата   предлагам:


I

Усвојување на записникот од 53 седница на Советот на општина Струмица

II


Д н е в е н    р е д

  1. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта Струмица“ за 2017 година;
  2. Одлука за  дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг на Плоштад ,,Гоце Делчев” Струмица;
  3. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Паркиралишта Струмица“ - Струмица за 2018 година;
  4. Извештај за работата  на ЈП „Паркиралишта-Струмица“, за периодот  од 01.01. до 31.03.2017 година;
  5. Предлог - Одлука за утврдување  на работното време  во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  6. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиље;
  7. Предлог  - Оддлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво на Општина Струмица;
  8. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1182/1 и мал дел од КП бр. 1190/2 КО Градско Балдовци;
  9. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7744 КО Струмица;
  10. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2017 година;
  11. Предлог - Решение за разрешување и избор на член во  Комисијата за мандатни прашања, избори  и именувања;
  12. Извештај  за реализација на Програмата за одржување  на улици  во град Струмица, како и локалните патишта во општина Струмица за 2016/2017 година  во зимски услови;
  13. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Струмица-гас“  - Струмица за 2017  година;
  14. Годишна сметка  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2016 година.



Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544