Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и   осмата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и осмата   седница на Советот на општина Струмица за ден  22.12.2016 година (четврток).

Четириесет и осмата седница    на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од  четириесет и шестата  седница на   на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Програма  за работа на Советот на општина Струмица за 2017 година;
  2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за  2016 година;
  3. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2017 година;
  4. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2017 година;
  5. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2017 година;
  6. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2017 година;
  7. Предлог - Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2017 година;
  8. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2017 година;
  9. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2017 година;

10. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на  подрачјето на општина Струмица  за 2017 година;

11. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2017  година;

12. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2017 година;

13. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2017 година;

14. Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2017 година;

15. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2017 година во Општина Струмица;

16. Предлог - Програма   на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2017 година;

17. Предлог - Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2017  година;

18. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2017 година;

19. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2017 година;

20. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2017 година;

21. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници  за 2017 година;

22. Предлог - Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2017 година;

23. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Изведба на локален пат Куклиш- Градско Балдовци“;

24. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект за  “Изградба на локален пат с. Муртино - с. Еднокуќево“;

25. Извештај за реализација на Струмичкиот карневал  - 2016 година;

26. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2017 година;

27. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица  за период   I -IX месец 2016 година;

28. Програма за работа на ЈПКД  “Комуналец“ за 2017 година;

29. План за вработување во ЈПКД „Комуналец“ за 2017 година;

30. Предлог - Одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање во дел од втората жолта зона „Б“ во Општина Струмица;

31. Извештаj  за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за период  од 01.01.2016 до 30.09.2016 година;

32. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2017 година;

33. План за вработување ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2017 година;

34. Извештаj  за работата на ЈПЕД „Струмица - гас“ за период  од 01.01.2016 до 30.09.2016 година;

35. Програма  за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности  “Струмица-гас“  Струмица за 2017 година;



Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544