Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување  на четириесет и третата  седница  на
Советот на општина Струмица


Ја свикувам четириесет и третата  седница на Советот на општина Струмица за ден 26.08.2016 година ( петок).
Четириесет и   третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во  11 ,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:


I

Усвојување на Записникот од четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица и Записникот од вонредната седница  на Советот на општина Струмица од 08 август 2016 година

II

Д н е в е н   р е д


1.    Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2016 година;
2.    Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Струмица;
3.    Предлог - Одлука за отстапување основни средства на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
4.    Предлог- Одлука за поставување спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР;
5.    Барање  согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
6.    Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година;
7.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1064 КО Банско;
8.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7902 КО Струмица;
9.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1169/2 КО Градско Балдовци;
10.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3095 КО Дабиља;  и
11.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7953/2 КО Струмица.


Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544