Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување четириесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам





Решение

за свикување четириесетата седница  на

Советот на општина Струмица




Ја свикувам четириесетата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.05.2016 година (петок).

Четириесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.


За работа на седницата го предлагам:


I

Усвојување на записниците од  триесет и осмата и триесет и деветата седница на Советот на општина Струмица



II

Д н е в е н   р е д


  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2016 година;
  2. Предлог - Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности;
  3. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2016 година;
  4. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“  за периодот од 01.01  до 31.03 2016 година;
  5. Предлог - Одлука за доделување финансиски средства на Стојан Стојанов од Струмица;
  6. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6220/1 КО Струмица;
  7. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5916 КО Струмица;
  8. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4562 КО Куклиш;
  9. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2124 КО Струмица;

10. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7777 КО Струмица;

11. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2573 КО Банско;

12. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 634, 636, 637 КО Баница;  и

13. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 4008, 4009 КО Куклиш.




Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544