Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување триесет и шестата    седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и шестата   седница на Советот на општина Струмица за ден   16.02.2016 година (вторник).

Триесет и шестата седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:


I


Усвојување на записниците од триесет и четвртата и триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д


  1. Предлог - Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 14 - општина Струмица, плански период 2015 – 2020;
  2. Предлог - Одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање на КП бр. 1728/1 КО Струмица;
  3. Предлог - Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за изградба на спортско игралиште во с. Костурино;
  4. Предлог - Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Локален акционен план за животна средина 2016 – 2022 година;
  5. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 18 даватели на јавни услуги во ЈОУДГ „Детска Радост” Струмица;
  6. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 110 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  7. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 24 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  8. Предлог - Методологија за доделување на финансиска поддршка на програми на задруженија и фондации од Буџетот на општина Струмица;
  9. Предлог - Методологија за доделување на финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации од буџетот на Општина Струмица;

10. Предлог - Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Општина Струмица;

11. Предлог - Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства за тренери во спортските клубови на подрачјето на Општина Струмица;

12. Информација  за истражувањето за  успехот  на учениците во основните  општински училишта на подрачјето на општина Струмица  во учебната 2014/2015 година;

13. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7152/6 КО Струмица;

14. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6512/8 КО Струмица;

  1. 15.       Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7669/1 КО Струмица;

16. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3660, дел од КП бр. 3661 и дел од КП бр. 3672 КО Дабиља;

17. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 452 КО Водоча;

18. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 505 КО Муртино;

19. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3042 КО Дабиља;

20. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 489/1 КО Просениково;

21. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 110/1 КО Раборци;

22. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1218/1 и КП бр. 1217/2 КО Добрејци;

23. Предлог – Решение за разрешување и именување на  членови во Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица” ;

24. Предлог - Решение за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Паркиралишта – Струмица”; и

25. Предлог – Одлука за внатрешната организација на општинската администрација на Општина Струмица.


Напомена: Материјалот по точка 25, односно Предлог – Одлуката за внатрешната организација на општинската администрација на Општина Струмица, ќе Ви биде доставен по добивањето на позитивно мислење  од Министерството за информатичко општество и адмнинистрација.



Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544