Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам



Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување триесет и четвртата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и четвртата   седница на Советот на општина Струмица за ден  29.12.2015 година (вторник).

Триесет и четвртата   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од  триесет и третата  седница на   на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Програма  за работа на Советот на општина Струмица за 2016  година;
  2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2016 година;
  3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2016 година;
  4. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2016 година;
  5. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2016 година;
  6. Предлог - Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2016 година;
  7. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2016 година;
  8. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2016 година;
  9. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на  подрачјето на општина Струмица  за 2016 година;

10. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2016  година;

11. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2016 година;

12. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2016 година;

13. Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2016 година;

14. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2016 година во Општина Струмица;

15. Предлог - Програма   на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2016 година;

16. Предлог - Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2016  година;

17. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2016 година;

18. Предлог - Одлука за долгорочно задолжување на општина Струмица;

19. Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект  “SMART управување со ресурси за одржлив развој во прекуграничниот регион“;

20. Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект  “Подобрување на условите за превенција од пожари во прекуграничниот регион на Oпштина Струмица - Република Македонија  и Oпштина Сатовча”  - Република Бугарија;

21. Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект  “Еко - градинки за одржлива иднина” ;

22. Предлог – Одлука за изработка и имплементација на проект “Безбеден прекуграничен регион Благоевград - Струмица - подобрување на подготвеноста на локалните власти за справување со природни непогоди” ;

23. Предлог - Одлука за усвојување на Акцискиот план за комуникации со јавностите на Општина Струмица;

24. Предлог - Одлука за утврдување на приоритетен проект за изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион;

25. Предлог - Одлука за измена на Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;

26. Предлог - Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;

27. Предлог - Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица;

28. Предлог - Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Дел од Блок 37, Општина Струмица, плански период 2015-2020;

29. Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план во рамките на една градежна парцела – дел од Блок 9 (Блок 30-согласно ГУП), за КП бр. 1787/1 КО Струмица, Општина Струмица, плански период 2012-2017;

30. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2016 година;

31. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2016 година;

32. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2016 година;

33. Програма за работа на Дом за деца и млади  „Благој  Мучето“  со финансов план за 2016 година;

34. Статут на Општинската установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица;

35. Извештај за реализација на Струмичкиот карневал  - 2015 година;

36. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2016 година;

37. Програма  за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности  “Струмица-гас“  Струмица за 2016 година;

38. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2016 година;

39. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I - IX  месец 2015 година;

40. Програма за работа на ЈПКД  “Комуналец“ за 2015 година.

41. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2745/2, 2745/3 КО Струмица;

42. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2749/1, 2749/4 КО Струмица;

43. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5787/2 КО Струмица;

44. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4982 КО Струмица;

45. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1168/2 КО Градско Балдовци;

46. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7779 КО Струмица;

47. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;

48. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7960, 7902, 7961 КО Струмица;

49. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6413 КО Струмица;

50. Предлог-Одлука за давање согласнот на иницијативата за основање на друштво од сосопствениците на имотот на АД „Македонија-Санкерам“ во стечај; и

51. Предлог-Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност - Струмица.


Напомена: Материјалот по точка 51 дополнително ќе Ви биде доставен.



Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544