Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување дваесет и деветата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам





Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување дваесет и деветата седница  на

Советот на општина Струмица


Ја свикувам дваесет и деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.07.2015 година (петок).


Давесет и деветтата  седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.


За работа на седницата предлагам:



I

Усвојување на записникот од дваесет и осмата  седница на Советот на општина Струмица.



II

Д н е в е н   р е д


  1. Предлог - Одлука за утврдување Нацрт ДУП за една парцела, на КП бр. 3786/1, дел од блок 14 (блок 30, Урбана единица 2 согласно ГУП на град Струмица), општина Струмица 2014 - 2019 година;
  2. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат зa КП бр. 7899 КО Струмица;
  3. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 93 КО Белотино;
  4. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4774/2 КО Куклиш;
  5. Предлог - Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7519 КО Струмица;
  6. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I - III месец 2015 година;
  7. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа  на ЈП „Паркиралишта - Струмица“ за 2015 година;
  8. Одлука за утврдување на висината на цени на услугите  за поставување и одржување  на јавното осветлување  на подрачјето на општина Струмица на ЈП „Паркиралишта- Струмица ;
  9. Одлука за утврдување на висината на цената за услуга-паркирање  во деновите на јавната манифестација „Струмица-Опен“ на  ЈП „Паркиралишта- Струмица “;

10. Одлука за отуѓување на патничко возило на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица; и

11. Предлог - Решение за  разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Муртино.




Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф  Христов


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544