Решение за свикување дваесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување дваесет и осмата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.06.2015 година (понеделник).

Давесет и осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од дваесет и седмата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог –  Одлука за утврдување на приоритет на Проект – реконструкција на домовите на културата  во населените места: Просениково,  Дабиље,  Вељуса,  Добрејци, Попчево и Костурино;
  2. Предлог  – Одлука  за  давање согласност за намена на инвестицијата  за реализација на Проект – реконструкција на домовите на културата  во населените места: Просениково, Дабиље, Вељуса, Добрејци, Попчево и Костурино;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект  – Озеленување и хортикултурно уредување на паркови и површини во населените места: Просениково, Муртино, Куклиш, Свидовица и Костурино;
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестицијата за  реализација на  Проектот  „Озеленување и хортикултурно уредување на паркови и површини во населените места: Просениково, Муртино, Куклиш, Свидовица и Костурино“;
  5. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет нa  Проект  – Уредување на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости на локалитетот  „Бања Банско“;
  6. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестицијата  за реализација на   Проект  – Уредување на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости на локалитетот  „Бања Банско“;
  7. Предлог – Одлука за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;
  8. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за определување на имиња на улици на подрачјето на град Струмица;
  9. Предлог – Одлука за определување локација за поставување спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР;
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Елаборат за одредување на заштитни зони околу водозафатните објекти за водоснабдување;
  11. Предлог – Одлука за пренесување на користењето и управувањето со системот на фекална канализација во с. Костурино;
  12. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење и управување со објект – дел од плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица (подземен паркинг простор)
  13. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица;
  14. Информација за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот 01.07 – 31.12.2014 година;

15. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 23 и дел од Блок 24, Урбана единица 9 во Струмица, Oпштина Струмица 2013-2018;

  1. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4941 КО Куклиш;

17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 2892 КО Банско;

  1. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 624 КО Сачево;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4720 КО Муртино;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2281 КО Куклиш;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица (Уп бр. 16-189 од 2011 год.);
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица (Уп бр. 16-1650 од 2011 год.);
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3153/2 КО Муртино;
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 263 КО Баница;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица (Уп бр. 16-6351 од 2011 год.);

26. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7397 КО Струмица;

27. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5598/4, 5598/2 и 5598/1 КО Струмица;

28. Предлог – Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица;

  1. Извештај за работата  на ЈП „Паркиралишта-Струмица “ Струмица  за периодот од 01.01. до 31.03.2015 година;
  2. Одлука за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг  на Плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица; и
  3. Извештај за работењето   на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за првиот квартал од 2015 година.

Напомена: Поради обемноста на материјалот по точка 10,  односно  увид во Елаборатот за одредување на заштитни зони околу водозафатните објекти за водоснабдување, може да се изврши во просториите на Општина Струмица соба бр. 5.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф  Христов