Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




Р  е  ш  е  н  и  е

             за свикување дваесет и петтата седница  на

    Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и петтата   седница на Советот на општина Струмица за ден 15.03. 2015 година (недела).

Дваесет и петтата седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.


За работа на седницата  го  предлагам следниот:


Д н е в е н     р е д


  1. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2014 година;
  3. Извештај за реализација на Програмата за уредување  на  градежното земјиште на подрачјето  на општина  Струмица за 2014 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2014 година;
  6. Извештај за реализација на Програмата  одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014/2015  година во зимски услови;
  7. Предлог-Одлука за  измена  на распоредот  на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2015 година;
  8. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  за 2014 година;
  9. Годишен извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2014 година;

10. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2014 година;

11. Извештај за работата на Општинската установа - Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2014 година;

12. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ - Струмица за период од 01.01. до 31.12.2014 година;

13. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица  за 2014 година;

14. Одлука за рaспоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансиските извештаи на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;

15. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;

16. Годишен извештај за работата на ЈПЕД „Струмица - гас“ - Струмица за  период од 01.01. до 31.12.2014 година;

17. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица  за 2014 година;  и

18. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица.




Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544