Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




Р  е  ш  е  н  и  е

        за свикување дваесет и четвртата седница  на

       Советот на општина Струмица


Ја свикувам дваесет и четвртата   седница на Советот на општина Струмица за ден  27.02. 2015 година (петок).

Дваесет и четвртата седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата  го  предлагам:

I

Усвојување на записниците од дваесет и втората и дваесет и  третата седница на Советот на општина Струмица


II


Д н е в е н    р е д


  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот  на општина Струмица за четвртиот кварал  од 2014 година;
  2. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
  3. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за одбележување на значајни настани и личности  со спомен-обележја во Општина Струмица;
  4. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 5758/1, 5763/1 КО Струмица;
  5. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1990/1 КО Добрејци; и
  6. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3986 КО Муртино.



Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544