Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам




Р  е  ш  е  н  и  е

        за свикување дваесет и третата седница  на

      Советот на општина Струмица


Ја свикувам дваесет и третата   седница на Советот на општина Струмица за ден  27.01. 2015 година (вторник).

Дваесет и третата   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.


За работа на седницата  го  предлагам следниот:


Д н е в е н    р е д


  1. Предлог - Програма за работа на  Советот на Општина Струмица   во  2015 година;
  2. Предлог - Статутарна oдлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
  3. Предлог - Одлука за отстапување товарно  возило на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
  4. Пredlog -  Оdluka за прифаќање на проект за изградба на пешачка патека (trotoari) на магистрален пат А4 во с. Дабилe;
  5. Предлог - Одлука за определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица;
  6. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за  определување на имиња на улици на подрачјето на град Струмица
  7. Предлог – План за за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2015/2016 година;
  8. Извештај за реализацијата и меѓународните активности на Струмичкиот карневал – 2014;
  9. Предлог – Програма  за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал  во 2015 година;

10. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2014 година;

11. Предлог-Програма  за решавање на проблемот  со бездомните кучиња  на  подрачјето на Општина Струмица;

12. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2774/1 КО Банско;

13. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7902 КО Струмица;

14. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 2142/1 и 2142/2 КО Струмица;

15. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1064 КО Сачево;

16. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 6342/1 КО Струмица;

17. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;  и

18. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на планскиот опфат и за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 4659 КО Струмица.


Дополнување на 23 седница




Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544