Решение за свикување на деветнаесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение

за свикување на деветнаесетата седница  на Советот на општина Струмица

 Ја свикувам деветнаесетата седница на Советот на општина Струмица за ден  31.10.2014 година (петок).

Деветнаесетата   седница  на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од осумнаесетата   седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н      р е д

  1. Предлог- Одлука за измена на распоредот на сретства во Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
  2. Предлог – Одлука  за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
  3. Предлог – Одлука  за определување  на с.  Три Води  за населено место без јавно осветлување  и ослободување од  плаќање на комунална такса за јавно осветлување;
  4. Предлог- Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
  5. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 6, дел од Блок 8 во Струмица, општина Струмица, плански период 2012 – 2017;
  6. Предлог-Програма за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2014/2015 година во зимски услови;
  7. Предлог – Програма за  дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2014 година;
  8. Предлог-Програма за дополнување на Програмта за одбележување на значајни настани и личности  со спомен-обележја во Општина Струмица;
  9. Предлог – Одлука за  определување локација за поставување  на Спомен – обележје –  скулптура на дрво од рециклиран железен материјал;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7151/1, 8018/1 КО Струмица;

11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7669/4 КО Струмица;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5524 КО Струмица;

13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 6278 КО Струмица;

14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7351/30 КО Струмица;

15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 1273/2 КО Водоча;

16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5924/11 КО Струмица;

17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 4928/1 КО Струмица;

18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 772 и 916 КО Баница;

19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 5758/1 и 5763/1 КО Струмица;

20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 6642/1 КО Струмица;

21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3089 КО Куклиш (УП бр. 16-2121 од 2011 год.);

22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3089, 3090 и 3897 КО Куклиш;

23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3089 КО Куклиш (УП бр. 16-394 од 2011 год.);

24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7779 КО Струмица (Уп.бр. 16-1571 од 2011 год.); и

25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7779 КО Струмица (Уп. бр. 16-761 од 2011год.).

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов