Решение за свикување седумнаесетта седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување седумнаесетта седница  на

                                   Советот на општина Струмица

Ја свикувам седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица за ден  29. 08. 2014  година (петок).

Седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата  го предлагам следниот:

Д н е в е н   р е д

  1. Информацијата за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот 01.01 – 30.06.2014 година;
  2. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 18, УЕ 2, општина Струмица, плански период 2012 – 2017;
  3. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 35, општина Струмица, плански период 2013 – 2018;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 5059 КО Струмица;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5738/1 КО Струмица;
  6. Предлог-Одлука за отпис и расходување на основно средство – автобус;
  7. Разгледување на барање од ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица, за прифаќање на поголем број на деца во клоновите на градинката.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф  Христов