Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение за свикување на педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 09.10.2017 година ( понеделник).

Педесет и осмата   седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 57 седница на Советот на општина Струмица,

II

Дневен ред:

  1. Предлог - Одлука за пренесување на користењето и управувањето со фекалниот канализационен систем во населено место Добрејци;
  2. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7697 и дел од КП бр. 7689/1 КО Струмица;
  3. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1275 КО Струмица;
  4. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2342/1, 2342/21, 2342/23 и 2342/24 КО Муртино вон г.р.;
  5. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица; и
  6. Извештај  за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ за првото полугодие  од 01. 01 до 30.06. 2017 година.

Совет на општина Струмица

Претседател, Јосиф Христов

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544