Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на третата седница на Советот на општина Струмица

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

 

Бр. 08 - 6758 /1  03.11.2017 год.   С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Решение за свикување на третата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам третата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.11.2017 год. (петок).

Третата  седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица,  со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Усвојување на записникот од  втората седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред

  1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Струмица за 2017 година; 
  2. Предлог-Програма за измена на Програмата уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2017 година;
  3. Предлог - Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2017 година;
  4. Предлог –Програма  за измена на Програмата за  активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2017 година;
  5. Предлог-Програма за одржување на улиците  во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица во зимски услови – зима 2017/2018 година;
  6. Квартален извештај  за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот   квартал од 2017 година;
  7. Предлог - Решение за разрешување  на членови во Управниот одбор  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица; 
  8. Програма за работа на Општинската јавна установа –Отворен граѓански универзитет за доживотно учење  „Јоска Свештарот“ Струмица за 2018 година;
  9. Извештај за рабoтата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за  период 01.01 -30.09.2017 година;
  10. Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за период 1 месец – 3 месец 2017 година;
  11. Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за период 1 месец – 6 месец 2017 година;
  12. Годишен план за вработување за 2018 година на ЈПКД “Комуналец” Струмица;
  13. Одлука за прифаќање на понуда од ДГТ „Жикол“ – Струмица, за откуп на идеален дел  на  ЈПКД „Комуналец“ Струмица од АД “Македонија  - фабрика за производство на санитарна керамика“ во стечај;
  14. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2342/1, 2342/21, 2342/23 и 2342/24 КО Муртино вон г.р.;
  15. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица.

Совет на општина Струмица

Претседател, Марјан Даскаловски

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544