Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на петтата седница на советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 - 8116/1, 20.12.2017 год., С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

 

Решение за свикување петтата седница  на Советот на општина Струмица

Ја свикувам петтата седница на Советот на општина Струмица за ден  27.12.2017 година ( среда).

Петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам: 

I

Усвојување на записникот од четвртата седница  на Советот на општина Струмица

II 

Д н е в е н   р е д  

  1. Предлог – Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2018 година;
  2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2018 година;
  3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
  4. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2018 година;
  5. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година;
  6. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2018 година;
  7. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
  8. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2018 година;
  9. Предлог - Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
  10. Предлог - Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2018 година;
  11. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
  12. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2018 година;
  13. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
  14. Предлог - Програма за активности во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
  15. Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2018 година;
  16. Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
  17. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2018 година;
  18. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2018 година;
  19. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2018 година;
  20. Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2018 година;
  21. Предлог - Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2018 година;
  22. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2018 година во Општина Струмица;
  23. Предлог - Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2018  година;    
  24. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2018 година;
  25. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2018 година;
  26. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2018 година;
  27. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;
  28. Предлог - Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2018 година;
  29. Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности;
  30. Информација за функционирањето на системот за управување со кризи (ЦУК и РЦУК – Струмица);
  31. Извештај за реализацијата на Струмичкиот карневал - 2017година; и
  32. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2018 година;
  33. Предлог - Решение за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
  34. Предлог –Одлука за донесување на Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја во Општина Струмица;
  35. Предлог – Одлука за усвојување на Регионален план за интегриран систем за управување со отпад во Југоисточниот плански регион;
  36. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2018 година;
  37. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2018 година;
  38. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец” Струмица за период 1 - 9 месец 2017 година;
  39. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2018 година;
  40. Предлог-Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност – Струмица;
  41. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6729 КО Вељуса;
  42. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3373/1 и 2573 КО Банско; и
  43. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3602 КО Дабиља.

Совет на општина Струмица

                                                                                   Претседател,

                                                                                    Марјан Даскаловски

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544