Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

                                                                                                     Р  е  ш  е  н  и  е  за свикување на шестата седница  на

Советот на општина Струмица

 

             Ја свикувам шестата  седница на Советот на општина Струмица за ден  30.01.2018 година (вторник).

             Шестата   седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

             За работа на седницата  го предлагам следниот:

 

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Изградба на техничка документација за изградба на мост и реконструкција на пат од 300 метри на патниот правец с. Просениково - с. Сарај“;
  2. Предлог - Одлука за утврдување на приоритет на Проект за “Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“;
  3. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Струмица;
  4. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2017 година;
  5. Предлог - Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
  6. Предлог - Одлука за доделување финансиски средства на Георги Трајков од Струмица;
  7. Предлог - Одлука за доделување финансиски средства на Арабаџиев Драги од Струмица;
  8. Информација за состојбата на јавната безбедност и  безбедноста во сообраќајот  на патиштата  на подрачјето на Општина Струмица за периодот  07 -31.12. 2017 година;
  9. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2017 година;
  1. Предлог-Решение за разрешување, избор и именување на претставник на вработените и претставници  на родителите  во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
  2. Предлог - Решение за дополнување на Решението за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
  3. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  4. Предлог - Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  5. Ценовник за приклучување корисници на дистрибутивната мрежа за 2018 година на ЈП „Струмица-гас“ Струмица;
  6. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта –Струмица“,
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1043/3 КО Просениково; и
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 636 КО Баница.

Совет на општина Струмица

                                                                                   Претседател,

                                                                                    Марјан Даскаловски

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544