Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.02.2018 година (вторник).
Седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од шестата седница на Советот на општина Струмица

II

Дневен ред:

1. Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2018 / 2019 година;
2. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
3. Предлог - Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
4. Предлог - Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
5. Предлог - Одлука за делумно ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за објекти со природни зелени кровови;
6. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2018 година;
7. Предлог - Одлука за доделување парична помош на Ива Костевска од Струмица
8. Предлог - Одлука за доделување парична помош на Ѓорѓи Брдаров;
9. Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЛУБ „Благој Јанков - Мучето“ - Струмица;
10. Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ - Струмица;
11. Анекс на Годишната програма за работа на СОУ „Јане Сандански“ во учебната 2017/2018 година;
12. Барање на согласност за Измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2018 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ ;
13. Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈП „Паркиралишта - Струмица“ Струмица за 2018 година;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7960 КО Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7746, 7745, 7732/1 КО Струмица; и
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 980 КО Попчево.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544