Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Огласна табла

ЈАВЕН ПОВИК за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик се предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2018-та година, односно 10 месециФинансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2018 година, во програмата за спорт (L0). Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:

ЈАВЕН ПОВИК До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица

Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година.

 

Право на учество:

- Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.

- Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.

- Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2018 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.

Соопштенија за организација на јавни анкети и презентации

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица - пречистен текст („Службен гласник на Општина Струмица“ број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15) Градоначалник на Општина Струмица, објавува соопштение:

ОГЛАС за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица - Втор циклус

Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки. 

Објава За доделување на компостери и одржување на инфо денови

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” ќе започне со доделување на 400 компостери во 10те општини од Југоисточниот регион на Република Македонија во коj спаѓаат општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица. 

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Струмица, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

Јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица, линк

Јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица, линк

Јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица

Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за  дел од блок 14 урбана единица 2  во  Струмица, линк

Страница 1 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544