Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Струмица, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

 Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

    Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Потребно е малку за еден проект да стане реалност – Лични и образовни асистенти на ученици со поречености вклучени во редовниот образовен процес за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

   За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

      Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  1. За позиција личен асистент

- млади лица до 29 години со ниски квалификации

- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година

- млади невработени лица, активни баратели на работа,евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

  1. За позиција образовен асистент

- млади лица до 29 години со високи квалификации

- високата квалификација да биде во обемот на Педагошки струки

- невработени лица,активен барател на работа, евидентирани во АВРМ најмалку 1 година

- млади невработени лица на возраст од 18-29 год, активен барател на работа најмалку 6 месеци

   Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    - 10 (десет) лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес;

    - 5 (пет) образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес;

     Заинтресираните невработени лица можат да подигнат и поднесат Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ во Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица во периодот од 14.09.2017 година до 19.09.2017 година.

     Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Струмица и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струмица кај лицето Софче Иванова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица кај лицето Ксенија Вангелова,  Центар за социјална работа Струмица кај лицето Ристо Стаменов.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544