Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Запишувањето ученици во прво одделение ќе се врши од 2 до 31 мај

Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите дека уписот во прво одделение за учебната 2018/2019 година, започнува на 02.05.2018 година и ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот до 31.05.2018 година, во основните училишта во општина Струмица. Согласно законот за основно образование, во прво  одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето, кое до крајот на календарската 2018 година ќе наполни шест години. Родителите можат да ги запишат децата кои ќе наполнат шест години до 31.01.2019 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа. Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544