Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски одржа средби со жителите на Добрејци и Просениково

Нови предлози и идеи за подобрување на условите за живот во наредната 2018 година даваа синоќа жителите на населените места Добрејци и Просениково на средбата со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и неговиот тим. Оваа средба беше дел од планираните средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, а со кои им се дава можност на граѓаните директно да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Струмица за 2018 година. Овие средби значат и потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Јаневски за транспарентно и отчетно работење и строго наменско трошење на буџетските пари. Собирите со граѓаните ќе продолжат утре во населените места Рич со почеток во 18 часот и Попчево со почеток во 20 часот во просториите на училиштата.

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544