Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Јаневски: Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните

По повод Светскиот ден на науката, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, ја отвори изложбата на наградени проекти на младите истражувачи и иноватори од основните и средните училишта во Република Македонија. Изложбата беше отворена во просториите на средното општинско училиште „Јане Сандански“, а присуствуваа претставници од Народна техника на Македонија и од Министерството за образование и наука.

 

Во своето обраќање, градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ги препознава важноста и улогата на образованието и затоа тие имаат значајно место во развојните процеси на Општината. Во оваа прилика дозволете ми да ја цитирам визијата определена во донесената Стратегија за образование на општина Струмица: „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“. Во овој контекст општина Струмица се грижи за унапредување на развојот на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовниот процес и превзема иницијативи за поттикнување на креативноста на учениците, доусовршување и развивање на способностите на учениците низ воннаставни форми. Унапредување на просторните и материјалните услови за воннаставни активности, зајакнување на капацитетите на учениците за лична одговорност и критичко мислење и јакнење на свеста кај учениците за општествените вредносни норми и за општествената одговорност. Денешниот настан на презентирање на најдобрите трудови од областа на науката и техниката на младите истражувачи и иноватори од Македонија е можност да се запознаеме со истражувачкиот дух на тие ученици и нивните ментори и да овозможиме што поголем број на ученици и наставници да се вклучат во овие процеси во наредниот период. Средните и основните општински училишта од општина Струмица, вклучувајќи го овде и приватното средно училиште „Јахја Кемал“, овозможуваат сите заинтересирани ученици да бидат вклучени во воннаставните активности. Во оваа прилика ја поздравувам иницијативата на Народна Техника на Македонија, Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија и Народна Техника од Струмица, што овозможија пошироката јавност и од општина Струмица да ја види оваа изложба и со присуство на ученици од училиштата од општина Струмица, достојно да го одбележи Светскиот ден на науката, рече Јаневски. Почитувајќи го трудот на младите истражувачи и иноватори, градоначалникот Јаневски ги посети сите учесници на изложбата, разговараше за нивните трудови и ги поттикнуваше да продолжат со својата истражувачка и иноваторска дејност.

 

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544