Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Со средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура ќе се адаптираат постоечки објекти во градинки во Муртино и Куклиш

Заради изработка на документ за оценка на проектот Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки” во две рурални населени места во општина Струмица, претставници од тимот на здружението на граѓани „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“ (ЦеПроСАРД), ангажирани од МСИП проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии ја посетија општина Струмица.

Беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината Коста Јаневски, членови на општинскиот совет, граѓани од населените места Куклиш и Муртино и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на реалните потреби од адаптација на општински објекти во градинки во руралните населени места Куклиш и Муртино. По интервјуата направени со фокус групите, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба.Адаптацијата на постоечките општински објекти во градинки на локации во непосредна близина на постоечки основни училишта овозможува функционално решавање на просторот и згрижување на 70 деца. Ова е најбрзиот начин да се обезбедат квалитетни објекти со подобрена топлинска и хидро изолација и структура на организациони единици за згрижување на децата од 2 до 6 години. Во исто време, адаптацијата на постоечките објекти со користење на мерки за топлинска изолација е во согласност со стратешката определба за енергетска ефикасност на општина Струмица. Целокупната организација на средбата беше реализирана преку соработката на тимот на ЦеПроСАРД со Панче Беџовски од Секторот за локален економски развој од општината.Дел од средствата за реализација на проектот ќе се обезбедат од компонентата инвестициски грантови од ИПА од страна на ЕУ, преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги. Останатиот дел од средствата за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во руралните населени места Куклиш и Муртино, општина Струмица ќе ги обезбеди од буџетот на општината.

 

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544