Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Се одржа првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум

Општина Струмица во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица во големата сала на домот на АРМ ја одржаа првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум. По презентацијата на предлог буџетот на Општината за 2018 година од Евгенија Граматикова, раководител на одделението за буџетска координација присутните на сесијата дадоа свои предлози.

Поставување вертикални зелени градини низ градот, опремување на лабаратории и кабинети во средните општнски училишта, отворање на Центар за неформално образование, изградба на Младински културен центар со адаптирани ателјеа, кино сала, театарска сала, галериски простор, акустично студио и слично, изградба на нов, современ градски пазар, изградба на нова или реконструкција на веќе постоечката Противпожарна станица, изградба на стационар за улични кучиња, санација на дупки на улиците, беа само дел од предлог-проектите на граѓаните. Втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи на 04.12.2017 година (понеделник) со почеток во 18 часот во големата сала на домот на АРМ.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544