Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ реализираа заедничка активност со поддршка од општина Струмица

Во рамките на финансиската поддршка која општина Струмица ја обезбедува за активности од меѓуетничката интеграција во образованието, ученици во мешан етнички состав од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, реализираа проектна активност во корелација и координација на наставните предмети: етика, граѓанско образование, историја, информатика, музичко и ликовно образование.

Во процесот на активноста, учениците се запознаа со народните ора од различни култури, ги научија деловите на народните носии од македонскиот и турскиот фолклор, го збогатија своето искуство со заеднички ора и песни и преку цртање учеа за разноликоста на фолклорот. Во присуство на претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, претставници од општина Струмица и училиштето, учениците приредија прекрасен фолклорен сплет од македонски и турски ора и песни, со што го прикажаа креативното изразување за народното творештво и културно богатство на македонската и турската заедница.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544