Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод верскиот празник Божик – Рождество Христово

Драги мои сограѓани – почитувани Христијани,

Една народна поговорка вели: „Кај и да си, за Бадник и Божик дома да си“. Се надевам дека ова мое претпразнично обраќање до Вас, ќе ве затекне дома во кругот на вашите семејства, меѓу ближните и саканите, во убаво расположение, какво што доликува на празникот кој со радост го очекуваме.K.Janevski

Постојат денови кои ни ја топлат душата и не потсетуваат на нашите христијански корени, корени кои ни дават до знаење дека сме Божји чеда. Бадник – предвесникот на Рождеството Христово и Божик како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет, нека бидат и понатаму нешта во кои ќе го пронајдеме смисолот на нашата вера и постоење. Во овие празнувања се наоѓа суштината на семејните вредности. Тука се и љубовта, добрината и милосрдието. Има ли поубав повод од овој, повторно да си посакаме, тие нешта да бидат дел од нас за вечни времиња. Драги сограѓани, возљубени во Христа, бидете живи, здрави, среќни и весели. Божјата промисла нека ви дарува хармонија во вашите домови и топлина околу семејната празнична трпеза.Нека е благословено Христовото раѓање, нека Ви е за многу години празнувањето.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544