Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски обезбеди еднократна парична помош за секое новородено дете во општина Струмица

За градоначалникот Коста Јаневски, децата се најголемото богатство и иднината на општина Струмица и секогаш ќе бидат нејзин приоритет. На негова иницијатива, општина Струмица започна со доделување на еднократна парична помош во висина од три илјади денари на секое новородено дете на одделението за гинекологија и акушерство во Медицинскиот центар во Струмица. Оваа помош ќе ја добиваат полнолетните родилки со постојано живеалиште во градот и населените места на општина Струмица. Во месец јануари во Струмица се родиле 51 бебе, тие се првите добитници на еднократната парична помош од градоначалникот Јаневски.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544