Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општина Струмица избрана во грант програмата за поддршка на граѓанското општество на УНДП

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, потпиша меморандум за учество на општина Струмица во Програмата за грантови за поддршка на партнерство на општините со граѓанските здруженија на УНДП. Преку оваа програма ќе се финансираат приоритетни проекти за потребите на жителите на општината, со посебно внимание на ранливите и маргинализираните групи. Во следните две години, УНДП на општина Струмица ќе и додели 120.000 евра за грантови преку јавни повици и конкурси.thumbnail

Првите повици за грантови се очекуваат да бидат објавени во март 2018 година, со приоритет на проектите фокусирани на ранливите групи и на оние што промовираат родова еднаквост и човекови права, како и зајакнување на социјалната кохезија и заштита на природата. Струмица е меѓу петте општини избрани врз основа на поголем број утврдени критериуми, вклучително и географскиот диверзитет. Како еден од условите за учество во програмата беше и обврската на општината да обезбеди кофинансирање за грантовите и да гарантира транспарентност и отворен, конкурентен процес при финансирањето на граѓанските здруженија. Според Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, целта на програмата е општините да работат заедно со граѓанските организации за да изградат поинклузивни заедници.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544