Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

На четвртата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесени се повеќе значајни одлуки

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа четвртата редовна седница во просториите на Советот на општина Валандово.
На оваа седница се разговараше за повеќе теми од интерес на регионот и се донесоа неколку значајни одлуки. Градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за рaзвој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019. На оваа седница исто така се донесе и Одлуката за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Oдржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Согласно оваа одлука во наредниот период Центарот, со поддршка на претставници на општините и други заинтересирани страни од регионот ќе преземаат низа активности за подготовка на предлог проекти и нивно аплицирање до оваа Грантова шема.На четвртата седница се усвои и Одлуката за взаемна активност на општините за третирање против возрасни комарци и ларви во 2018 година на територијата на општините од Југоисточниот плански регион. Значајно во оваа одлука е тоа што оваа година општините од регионот за прв пат ќе прскаат и против ларви, покрај авионското третирање против возрасни комарци со што се очекува многу подобри резултати и ефекти од оваа постапка.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544