Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, одржа средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ. На средбата тие разговараа за актуелните состојби и планираните активности на општината и амбасадата. По заедничкиот заклучок дека Македонија и Босна и Херцеговина имаат одлична регионална соработка, посебен акцент во разговорот беше ставен на проширувањето на соработката на локално ниво. Амбасадорката Бабиќ му предложи на Јаневски, воспоставување соработка на општина Струмица со општината Котор Варош, најразвиена општина во Република Српска, а на која општина Струмица може многу да и помогне со сопственото искуство во искористувањето на средства од Европските фондови. Градоначалникот Јаневски ја прифати идејата, потенцирајќи дека општина Струмица секогаш е отворена за соработка и реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните од двете општини. На средбата, амбасадорката Бабиќ го информираше градоначалникот Јаневски дека амбасадата на Босна и Херцеговина планира одржување на заедничка конференција меѓу градоначалниците од двете држави, а чија цел ќе биде размена на искуства и позитивни практики, како и формирање бизнис клуб кој ќе ги поттикне стопанските комори на уште поголема соработка.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544