Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Советот на општина Струмица ја одржа деветтата седница Советот на општина Струмица ја одржа деветтата седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа деветтата седница на која што беа усвоени повеќе предлог – одлуки, извештаи и планови. Советниците ги усвоија буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општина Струмица за 2019 година, предлог – одлуките за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточен плански регион, за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на општина Струмица за дооформување на градежна парцела, за отуѓување на патничко моторно возило и за измена и дополнување на Одлуката  за  определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица.
Беа усвоени и годишните сметки со финансиските извештаи за 2017 година на основните и средните општински училишта, градинката „Детска радост“, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и извештајот за спроведувањето на неговата Програма за развој на Југоисточниот плански регион  2015-2019  за 2017 година, како и годишните планови за вработување во домот за деца и млади за 2018 и 2019 година, во јавните претпријатија „Струмица гас“ и „Паркиралишта Струмица“ за 2019 година. На денешната седница беа усвоени и извештајот  за работата на ЈПКД „Комуналец” Струмица за  2017 година, годишната сметка со финансов извештај, одлуката за утврдувањре на висината  на бодот за исплата на плата на вработените  во ЈПКД „Комуналец“, ценовникот за вршење работи , годишниот план за вработување за 2019 година, одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води  за регулиран период 2018-2020 година, одлуката за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на  ЈПКД „Комуналец“ за регулиран период 2018-2020 година и одлуката за висината  на цената на приклучокот за одведување на отпадни води  во населено место Добрејци. Зелено светло од советниците добија и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544