Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица


Градоначалникот Јаневски меѓу жителите во Турското маало

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, ги посети жителите на улицата „Братство“ во Турското маало во Струмица. Се разговараше за реализираните градежни зафати во изминатите месеци со кои се решија значајни проблеми, но и се разговараше што следно треба да се работи за да се подобрат условите за живот во овој дел од градот.Во овој период кој што помина од мојот мандат, тука беа изведени неколку проекти кои на наше задоволство, имаат добар ефект, добар прием кај луѓето.

Во рамките на бетонските активности се изведоа двата крака на улицата „Братство“ со еден солиден потпорен ѕид помеѓу нив во должина од 80, 30 и 90 метри, тоа е една солидна инвестиција која што ќе го подобри квалитетот на животот на овие луѓе, а и има уште една улица која што ја бетониравме во должина од 225 метри во близина на турските гробишта, тоа е десниот крак, а во понатамошниот период ќе го бетонираме и левиот крак и претстојат уште неколку активности тука кои по обновувањето новиот тендер и новата рамка за бетонски работи ќе ги истераме до крај. Очигледно има доста барања во Турското маало, има доста работи кои што треба да се направат, јас и Советот на Општината сме отворени за соработка и подготвени овие проблеми еден по еден да ги решаваме во рамките на нашите и законските можности, рече градоначалникот Јаневски.Жителите од улицата „Братство“ му се заблагодарија на градоначалникот Јаневски за реализираните активности и му подарија бројаница, за како што рекоа, да го потсетува на завршените, но и проблемите кои што треба да се решат.


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544