Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски ја отвори 55. Меѓународна струмичка ликовна колонија

Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ на свечен начин беше отворено 55. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Пред ликовните творци од земјата и странство и пред љубителите на ликовната уметност, со пригоден говор, Колонијата ја прогласи за отворена градоначалникот Коста Јаневски, а беше отворена и самостојната изложба на ликовниот уметник Ѓорги Божинов – Фаника, под наслов „Корени“.


Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Јаневски рече:

„Од денес до 10. август Струмица повторно ќе живее во знакот на ликовната магија и во знакот на творечката традиција која успешно опстојува цели пет и пол децении. Струмичкото гостопримство овојпат ќе го почувствуваат 15 ликовни творци од Русија, Романија, Турција, Бугарија, Србија, Косово и Македонија, кои творејќи во своите ликовни дисциплини, ќе создадат нови дела со кои ќе ја збогатат и онака пребогатата ликовна збирка на колонијата. Таа збирка брои околу 2200 дела и претставува непроценливо ликовно богатство не само за колонијата и за Струмица, туку и за севкупното културно милје на Република Македонија. Во тој струмички „уметнички ковчег“ ќе пронајдеме дела од околу 800 учесници на досегашните изданија колонијата во различни ликовни дисциплини, меѓу кои слики во сите можни техники, преку извонредни мозаици, па се до скулптури и споменици кои го красат ликот на нашиот град.
Овогодинешната 55-та по ред Меѓународна струмичка ликовна колонија, на заедничко задоволство, ќе придодаде уште еден значаен „плус“ кон овие импозантни бројки, што ќе го потврди овој ликовен собир за еден од најважните културни настани во Струмица и Македонија, па и надвор од границите на нашата земја. Згора на тоа, вреди да се истакне дека оваа е најстарата ликовна колонија (во континуитет) во Република Македонија и една од најстарите на Балканот.
Посакувајќи им добредојде на ликовните уметници од земјата и странство, изразувам надеж дека Струмица ќе им биде доволно инспиративна за нивниот творечки ангажман, и дека јазичните бариери ќе ги совладаат со универзалниот јазик на уметноста, но и со јазикот на пријателството. Истовремено, ја користам можноста, на ликовниот уметник Ѓорги Божинов – Фаника, да му ја честитам самостојната изложба „Корени“, како и неговите два јубилеја – 70 години-живот и 50 години-уметничка кариера.
Посакувајќи им на учесниците високи творечки дострели, а со уверување дека „уметничката галерија“ при Националната установа – Центар за култура „Антон Панов“, повторно ќе го положи испитот на добар домаќин, 55. Меѓународна струмичка ликовна колонија ја прогласувам за отворена“.
© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544