Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски ја отвори изложбата на дела од меѓународната ликовна колонија

Во изложбениот салон на центарот за култура „Антон Панов“, а во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица, синоќа, беше отворена изложбата на дела создадени на 55-та меѓународна ликовна колонија. Оваа традиционална изложба за отворена ја прогласи градоначалникот, Коста Јаневски. На денот кога Струмица го одбележува Денот на своето ослободување, традиционално, како и секоја година, така и годинава, на показ ги имаме делата создадени на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Има некаква симболичка поврзаност на овој денешен празник и ликовната уметност.

Ако денес ја славиме слободата на нашиот град, тогаш овие ликовни дела се резултат на уметничката слобода, која е основен предуслов за создавање вистински творечки вредности. Во името на таквите вредности, 16 ликовни творци од Турција, Романија, Русија, Бугарија, Србија, Косово и Македонија, во првите десет августовски денови, под струмичкото небо, оставија свој творечки белег, во рамките на 55-та Меѓународна струмичка ликовна колонија. Трајно сведоштво за тој белег и творечки сензибилитет, се 45-те создадени дела, кои се дел од оваа наша вечерашна изложба. На тој начин, за исто толку дела, зголемена е импонзантната бројка од над 2200 дела, создадени на најстарата колонија во Македонија, во изминатите  пет и пол децении. Од мое име сакам да им честитам на овие ликовни творци и да им се заблагодарам за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица, но секако и на Центарот за култура „Антон Панов“, за успешната организација на колонијата. Различните светогледи, различните мотиви и различните ликовни дисциплини на уметниците, само докажуваат дека, колку и да сме исти, сепак сме различни. Во тоа е убавината на светот, во тоа е убавината на ликовното творештвото и неговите естетски особености. Ако се знае дека уметноста е продукт на нашата желба за убавината и вистината, но и од сознанието дека двете нешта не се истоветни, тогаш да ја побараме убавината во изложените дела, но и да ја замислиме вистината, таква каква што ја посакуваме, рече Јаневски. На отворањето на изложбата на градоначалникот Јаневски му беше врачен портрет кој за време на одржувањето на ликовната колонија го изработи Радослав Ангелов Костов  ликовен уметник од Бугарија.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544