Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Градоначалникот Јаневски на средба со граѓанските организации од Струмица

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, одржа средба со претставниците на граѓанските организации од Струмица на која се дискутираше за пристапувањето на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година. По средбата, тој изјави:

„Ги споделивме мислењата и заедничкиот заклучок беше дека интеграцијата во ЕУ и НАТО се патот кој на нашата држава ќе и овозможи сигурен просперитет, интегритет, сигурност на границите, сигурност на слободата на своите граѓани, ќе овозможи поголем економски просперитет, поголем пристап до европските фондови, поголема можност за едукација и послободна комуникација на младите луѓе, поотворена размена на секакви идеи, поголем пазар за бизнисите во Македонија, поздрава конкурентност за нашите претпријатија. Тие се значајни придобивки за кои со години се бориме. Затоа, имаме граѓанска должност да излеземе на референдумот да го кажеме своето мислење и да дадеме придонес во решавањето на судбината на нашата држава, без разлика какво и да е нашето убедување, таквото право не смееме сами да си го спречуваме. Апелирам граѓаните да излезат, да си го кажат своето мислење, какво и да е, да учествуваат во креирањето на судбината на својата држава  и тоа е единствен одговорен однос на секој граѓанин кон својата држава“. Граѓанските организации ја потврдија својата поддршка на претстојниот референдум и зачленувањето на државата во ЕУ и НАТО.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544