Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Одбележана 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Општина Струмица денеска ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. На пригодната свеченост која што се одржа пред неговиот Споменик на градскиот плоштад, за животот и делото на Делчев зборуваше градоначалникот Коста Јаневски. Времето неповратно ита низ патиштата на минливоста, па како да сака да ја потврди веродостојноста на изреката: „се тече, се се менува“.

>

За многу работи тоа навистина е така, но постојат нешта кои се цврсто врежани во нашата меморија, нешта кои се имуни на времето и заборавот. Такви се великаните и нивните дела за кои минливоста не постои. Тие се врежани во вечното постоење и секогаш се вредни за почит и внимание. Но, пред да станат големци  и пред да го докажат тоа со своите вонвременски дела, тие најпрвин требало да се родат. Токму затоа деновите на нивното раѓање се датуми со особено значење. Еден таков датум одбележуваме денеска. На 4. Февруари пред 147 години во Кукуш, беше роден апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, еден од најзначајните личности во нашата историја. Иако неговата биографија опфаќа временски период од само 31 година колку што трае неговиот кус животен век, за него слободно можеме да кажеме, дека беше најголем меѓу големите. Неговата маркантна фигура како деец, визионер, револуционер и херој, за вечни времиња ќе биде позиционирана на самиот врв од македонската историја, во делот во кој се спастрени личностите и настаните од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Да не беше тој 4. Февруари 1872 година, не ќе беа можни идните значајни настани и датуми од таа наша историја, во кои главен протагонист беше токму тој, Ѓорги Никола Делчев. Ете, затоа е исклучително значаен овој денешен ден, во кој повторно го чествуваме ликот и делото на Делчев, човекот кој остави неизбришливи траги во македонската биднина и во македонскиот непокор, рече градоначалникот Јаневски. Пред Споменикот на Гоце Делчев беше положено свежо цвеќе, а членовите на рецитаторската секција при основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса изведоа пригоден рецитал.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544