Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

preporaki baner
kvalitet vozduh
 

Буџет за 2019 година

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџетите на општината за 2016 година и за претходни години, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2019 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Училишни униформи за сите ученици во прво одделение во општинските основни училишта

Општина Струмица обезбеди училишна униформа (маици и дуксерки) за 639 ученици во прво одделение во сите основни општински училишта. Градоначалникот Коста Јаневски денеска ги посети првачињата во основното училиште „Видое Подгорец“ за да види како им стојат училишните униформи. Тоа е едно од ветувањата и мислиме дека е добар гест.

Сметавме дека со тоа ќе помогнеме на некој начин на родителите да ги ослободиме од еден дополнителен финансиски трошок и дека е корисно дечињата да имаат убави униформи бидејќи тоа ја поттикнува работната атмосфера, ја зголемува концентрацијата на децата кон работните задачи кои што им се зададени. Денеска ги видовме и мене ми се допаднаа како изгледаат, тие се задоволни, се надевам дека и родителите се задоволни и како и досега и понатаму сите наши ветувања кои што ги дадовме во корист на поквалитетен живот на нашите сограѓани, посебно на овие генерации првачиња кои што се иднина на нашата Општина, треба да ги исполниме и еве се движиме во тој правец. Тендерската постапка максимално транспарентно ја спроведовме, 639 дечиња добија нови униформи, модерни, убави, функционални, јас лично сум многу задоволен, останува тој проект да го продолжиме и во наредната година и размислуваме за некои други слични вакви проекти кои што мислам дека ќе помогнат и на родителите и на децата, рече градоначалникот Јаневски. Фирмата „Филаделфија“ од Кочани беше избрана како најповолен понудувач  во транспарентна тендерска постапка, а за униформите од општинскиот буџет се издвоени 519.981 денар.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544