На шестата седница на Советот на општина Струмица донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните

Советот на општина Струмица денеска ја одржа шестата седница на која беа донесени повеќе одлуки и решенија во интерес на граѓаните. Градоначалникот Коста Јаневски и членовите на Советот ја покажаа својата хуманост и потврдија дека општина Струмица е општина која што се грижи за сите граѓани усвојувајќи ја предлог одлуката за финансиска помош на Милица и Олга Грнчарови и Георги Трајкови од Струмица и Драги Арабаџиев од селото Сарај.

Советниците дадоа зелено светло на предлог – одлуките за утврдување на приоритет на проект за „Изградба на техничка документација за изградба на мост и реконструкција на пат од 300 метри на патниот правец Просениково – Сарај, за утврдување на приоритет на проект за „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни, за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Струмица, за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2017 година, за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица, на информацијата за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Струмица за периодот 01.07 -31.12. 2017 година и извештајот за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2017 година. На денешната седница беа усвоени и предлог-решенијата за разрешување, избор и именување на преставник на вработените и претставници на родителите во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица, за дополнување на Решението за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, за разрешување и именување на членови во Управниот одбор и за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“ Струмица. Советниците ги усвоија и ценовникот за приклучување корисници на дистрибутивната мрежа за 2018 година на ЈП „Струмица-гас“, одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта –Струмица“, како и предлог – одлуките за задолжување на општина Струмица за финансирање на проектите „Еко градинки за одржлива иднина“, „Промоција на туризмот и културата – ToCulter“ и „Промоција на туризмот и културата“ (Акроним „ToCulter“) и предлог – одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1043/3 КО Просениково и за КП бр. 636 КО Баница.